КООРДИНАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Проектот WBC-INCO NET ја зајакнува интеграцијата на земјите на Западниот Балкан во Европската Истражувaчка Област (European Research Area - ЕRА). Оваа иницијатва е поддржана од Европската Комисија во рамките на 7-та Рамковна Програма за истражување и технолошки развој
Прашањето за проширување во правец на т.н. земји на Западен Балкан се наоѓа на врвот на агендата на Европската Унија. Проектот WBC-INCO NET го помага развојот на соработката на ЕУ со овие земји во областа на науката и технологијата (S&T). Во текот на неговото времетраење од 6 години (2008-2013) Проектот ја поддржува Истражувачката платформа (Steering Platform) за земјите на Западен Балкан во олеснувањето на интеграцијата на земјите на Западен Балкан со Земјите Члекни на ЕУ, асоцијативните земји во Рамковната Програма за РТД и Европската Комисија. Платформата е стратешко тело формирано со цел да ги разгледува европските, мултилатералните и регионалните прашања во политиките за науката и технолошкиот развој во и со земјите на Западен Балкан.
Главните цели на Проектот WBC-INCO NET се следниве:
- Поддршка на би-регионалниот дијалог за наука и технолошки развој преку (S&T) со користење на интеграција со Истражувачката Платформа за земјите на Западен Балкан,
- Идентификација на потенцијалите на РТД и приоритетите за нивно прифаќање во ФП7 и другите европски програми на транспарентен и методолошко прифатлив начин,
- Подобрување на учеството на истражувачите од регионот во европските проекти од заеднички интерес и корист со имплементирање на мрежи за изградба на капацитети и придружни мрежни активности.
- Анализа на иновативните потреби и бариери за иновации во земјите од Западен Балкан, размена на информации и најдобри практики за иновациони политики и изготвување на акционен план за понатамошна соработка на земјите од Западен Балкан на полето на иновациите и
- воспоставување поблиска соработка меѓу истражување и иновации, зајакнување на меѓусекторски дијалог и поддршка на тренинг на стејкхолдерите во иновациите
Овие цели ќе се постигнат во тесна интеракција со Истражувачката платформа за земјите на Западен Балкан. Членови и Платформата се Земјите Членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијални кандидати, асоцијативните земји во ФП7 и Европската Комисија. Членовите на Платформата се среќаваат два пати годишно, а по правило, домаќин на средбата е земјата Претседавач со ЕУ или една од земјите на Западен Балкан.
Проектот WBC-INCO NET обезбедува логистика за овие состаноци и соработува во извршувањето на работните обврски.
Проектот ќе ги имплементира следниве активности:
- Поставување на тематски регионални S&T приоритети,
- Анализирање на можностите за пристап во инфраструктурата, пречките на соработка и видови на соработка,
- Анализа на потребите во иновационата политика и иновационата поддршка и идентификување на мерките во политиката за унапредување на рамковните услови за иновации,
- Организирање на работилници за обука и групи за учење (за стејкхолдерите во иновациите), како и брокерски настани и сесии за подигнување на свеста,
- Организирање на форуми за дијалог за иновации и воспоставување на WBC Експертска Група за иновации од Западен Балкан
- Поддршка на Националните контакт лица и Истражувачките информациони системи,
- Публикување на редовното списание, билтен и објавување на интернет порталот: www.wbc–inco.net
Како можете да дадете свој придонес?
Пристапот до нашиот портал е бесплатен и отворен за секој кој е заинтересиран за нашите активности. Со вашето корисничко име и лозинка ќе може да имате слободен пристап до нашата база на податоци.
Пријавете се за отварање на корисничка сметка [тука].
Ве покануваме да го користите нашиот портал и да доставувате информации, на следнава е-mail адреса : office@wbc-inco.net.
Конзорциумот го сочинуваат 29 партнери.
Конзорциумот е составен од министерствата надлежни за наука и технолошки развој, агенции, аналитички партнери. Повеќе информации ќе најдете [тука].
Институт Михајло Пупин
MPI - Srbija
Партнери од ЕУ земји членки и асоцијативни земји
Сојузно министерство за наука и истражување
BMWF - Австрија
Австриска агенција за промоција на истражувањето
FFG - Австрија
Центар за заедничко истражување
JRC - IPTS - Белгија
Словенечко здружение за бизнис и истражување
SBRA – Белгија
Агенција за промоција на европски истражувања
APRE - Италија
Универзитет на Обединети Нации МЕРИТ, Мастришки Центар за економски и социјални истражувања и тренинг за иновации и технологија, Мастрихт Универзитет
UNU - MERIT, Холандија
Министерство за високо образование, наука и технологија
MHEST - Словенија
Совет за научно технолошки истражувања на Турција
TUBITAC - Турција
WBC-INCO.NET е проект кофинансиран од Програма за капацитети за меѓународна соработка на Европската заедница во рамки на 7-та Рамковна програма за истражување и технолошки развој (2007-2013) (Број на договор: 212029).



